Утре stand-up шоу со Никола Тодороски во Струга

- Локални
839

Утре со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга публиката ќе има можност да го проследи stand-up шоуто на актерот и stand-up комичар Никола Тодороски. Шоуто носи наслов „Вештачка интелигенција, природна глупост“, a на комичен начин ги обработува темите кои во секојдневнието не’ мачат.

Тодороски за Play radio изјави дека најчесто прави шеги на своја сметка, но најважно е дека публиката ќе се насмее и така тој, уште еднаш во низа, ќе ја оствари својата мисија да ги прави луѓето среќни.

Билети можете да набавите online на zlatenzab.mk или на билетарата при струшкиот Центар за култура.

Strugaonline

Facebook Коментари