Лев банер Десен банер

До 15ти септември, уписи во Студиото за танц „Бах“ Струга

Студиото за танц „Бах“ од Струга ги отвора уписите за новата сезона, а можност да бидат дел од танцовото семејство ќе имаат и најмалите и повозрасните љубители на танцот.

Уписите ќе траат од 15 август до 15 септември 2026 година, а од студиото ги повикуваат сите заинтересирани навреме да го обезбедат своето место.

Во текот на август, пријавувањето ќе се врши телефонски на бројот 078 447 530, додека од септември заинтересираните ќе можат да се запишат и лично во студиото, секој работен ден по 16 часот.

Студиото за танц „Бах“ се наоѓа во просториите на Центарот за култура во Струга, каде што идните членови ќе имаат можност да започнат ново танцово патување исполнето со движење, музика, дружење и нови предизвици.

Од студиото особено апелираат до заинтересираните да го почитуваат рокот за упис, бидејќи наставата се реализира според однапред утврдени програми, а децата е потребно да ги следат часовите уште од самиот почеток на сезоната.

Дополнително, во новата сезона „Бах“ Струга најавува и работа на нов проект, поради што по истекот на уписниот рок нема да се примаат нови членови.

„Повелете, влезете во светот на танцот заедно со најдобрите. Чекорете во ритамот на вашите соништа во нашата Струга. Ви гарантираме дека ќе се вљубите и ќе бидете наше семејство засекогаш“, порачуваат од Студиото за танц „Бах“.

За сите кои сакаат да танцуваат, да стекнат нови пријателства и да бидат дел од нови танцови проекти, 15 септември е последниот рок за упис.

StrugaOnline

error: