Драма со среќен крај- Д-р Васко Дулески од Итна помош-Струга породи жена во болничко возило

- Локални
6340

Д-р Васко Дулески, општ лекар од струшката Итна медицинска помош породи 22-годишна девојка од Центар Жупа во болничко возило.

Повик во струшката Итна медицинска помош на 1-ви февруари во 3 и 30 часот наутро, само површно ја  навестил драмата која следувала потоа, а резултатот е нов човечки живот на машко дете започнат како на филм.

Дебарската полиција го информирала тимот на Брза помош во Струга дека жена со приватно возило тргнала кон струшката болница, но веќе имала контракции за породување….

Д-р Васко Дулески заедно со медицинска сестра Семра Бајрамoска и доктор- сцецијализант Елена Мечкароска тргнале кон Дебар и со родилката се сретнале во близина на ,,Глобочица“.

Кога ја презел во возилото на Итна медицинска помош забележал дека породувањето е започнато и не може повеќе да се чека ниту минута.

,,Породување имав видено на пракса за време на студиите, не сум гинеколог но бев во ситуација кога морав да реагирам, во спротивно ќе беше предоцна за бебето. Инструкции добивав од мојата родена сестра која е акушерка, по телефон ми објаснуваше како да постапувам. Главчето на бебето веќе се гледаше. Сите бевме премногу возбудени. Сестра ми смирено ми асистираше со зборови и успеав да го извадам бебето“-раскажува за Strugaonline доктор Дулески.

Но приказната не завршува тука, драмата допрва започнува.

,,Бебето не плачеше, немаше ниту срцева акција, почувствував страв, почнав со масажи, знаев само дека тоа бебе мора да преживее. После некое време видов како бебето го зема првиот воздух и добива боја на лицето и телото. Тогаш сите во болничкото возило се почувствуваме живи и среќни. “ – продолжи Д-р Васко Дулески кој се’уште беше возбуден од случката која не е само професионална, туку и животна.

Во струшката болница од страна на своите колеги бил пречекан со аплауз, и мајката и бебето се во одлична здравствена состојба.

Strugaonline

Facebook Коментари