Општина Струга: Се реконструираат три патишта во Струга и еден во Велешта

- Локални
601
Се реконструираат три патишта во градот Струга и еден пат во село Велешта .
,,Во текoт на неделата беше потпишан договор за јавна набавка за реконструкција на патиштата: Ул. Мирче Ацев и дел од ул. К. Јосифоски – Питу, Населба Плитиште, Ул. Глобочичка – Крак и
село  Велешта – улица бр. 1 (Амбуланта)“-соопштија од Општина Струга.
Проектот е финансиран од буџетот на Општина Струга врз основа на потребите на Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животната средина.
Strugaonline

Facebook Коментари