ЕВН и МЈП ПРОАКВА Струга го заменуваат Трансформаторот изгорен од гром-водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира

- Локални
691

ЕВН Македонија во соработка со екипите на МЈП Проаква Струга ги санираа големите дефекти што се случија синоќа и го заменија трансформаторот кој беше изгорен од громот. Пред неколку минути беше нормализирано снабдувањето со електрична енергија и се активираа пумпите.


„Ова значи дека за многу брзо време, водоснабдувањето ќе се нормализира во сите места во Општина Струга каде што се користат услугите на Проаква.“ – информираат од претпријатието.

Strugaonline

Facebook Коментари