Градинката ,,8-ми Март“ доби донација од Центарот на заедницата на Општина Струга

- Локални
365

Центарот на заедницата на општина Струга во рамките на проектот Активни граѓани -нов бран за промени во заедницата ја поддржа инцијативата – Локалната Акција: ,, Различноста во сите форми ги прави заедниците посилни ,, на граѓанската организација Мрежа еден свет .

,,По тој повод денеска во групата Мозаик крило Пеперутка во Градинката 8-ми Март доставивме плакар, душеци за спиење, теписон, играчки , сликовници , постери , фиокари и други потребни работи за дечињата кои ја посетуваат оваа група.,, -информираат од Центарот на заедницата на Општина Струга.

Од таму изразија голема благодарност до директорката и воспитувачките во градинката кои цело време биле на располагање за успешно да се заврши оваа иницијатива во која доброволно се вклучија и други граѓани.

-Останува наша обврска секогаш и секаде да помагаме , а во иднина да обезбедиме уште матерјали кои им се потребни на другите групи во градинката .-додаваат од центарот.

Facebook Коментари