Електродистрибуција вработува во Струга- ова се отворените работни позиции

- Локални, Огласи
1095

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата

КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
За потребите на Корисничкиот Енерго Центар во Струга во Група 2, бараме:

ЕЛЕКТРО-МОНТЕР ВО СТРУГА (М/Ж)

Работни задачи:
– Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа
– Отчитување на податоци од броила
– Контрола на приклучоци и мерни места
– Замена на броила на корисници
– Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација
– Помош при отстранување дефекти
– Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и броила

Потребни компетенции:
– IV степен електротехничко образование – Електротехничар – енергетичар
– Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност
– Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност
– Возачка дозвола Б категорија
– Одговорност, тимска работа
– Комуникативност, флексибилност

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на [email protected] испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 28.09.2022.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.
Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Facebook Коментари