Градоначалникот Менди Ќура во официјална посета на Бурса: Најавени нови можности за соработка со Струга
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, престојува во официјална посета на Бурса, Република Турција, каде што ќе оствари средби со претставници на локалната власт и бизнис-заедницата.
Во рамки на посетата, Ќура ќе има можност да разговара со значајни претставници од деловниот сектор, како и со претставници на локалната власт од регионот на Бурса, со цел разгледување на можностите за воспоставување и продлабочување на соработката со Општина Струга.
Како дел од посетата, во организација на Здружението Bursa Rumeli и Zaferspor, е предвиден и свечен настан посветен на зајакнување на пријателските и соработничките врски меѓу Струга и Бурса.
Настанот ќе биде можност за дополнително поврзување на двете средини и отворање нови перспективи за соработка во повеќе области, преку размена на искуства и воспоставување директни контакти.
Посетата ќе има и културен карактер. Присутните ќе имаат можност да уживаат во традиционални ора и музичка програма, со кои ќе бидат претставени делови од културното и традиционалното наследство на двете земји.
Од Општина Струга очекуваат посетата во Бурса да придонесе кон продлабочување на постојните пријателски односи и создавање нови можности за идни заеднички активности и проекти.
StrugaOnline

