Денеска се празнува Свети Никола Мириклиски (Летен)

- Македонија
131

Православните верници денеска го одбележуваат пренесувањето на моштите на Св. Никола во Бари.

Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител било пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случило пред налетот на исламот на Ликија. Светителот му се јавил во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповедал неговите мошти да се пренесат во тој град.

Во тоа време градот Бари бил православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случиле многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се леело од нив. На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како Свети Николај му го вратил видот на слепиот крал Стефан.

Св. Никола Мириклиски Чудотворец е погребан во Мир.

Св. Никола се празнува и 19-ти декември.

извор: МПЦ-ОА

фото: архива

 

Facebook Коментари