Пожар во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Мислешево, нема повредени лица

- Локални
854

На 18.09.2022 во 08.49 часот во ОВР Струга било пријавено дека настанал пожар во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ лоцирана кај селските гробишта во с.Мислешево, струшко. Пожарот бил изгаснат од граѓани кои биле присутни на гробиштата, а повредени лица нема. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека малолетник влегол во црквата и во олтарот ги запалил платнените обвивки поставени на престолот. За настанот биле известени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Струга за понатамошно постапување.

Facebook Коментари