ЈП Комунално: Поради непрописно паркирани возила, не можеме ефективно да го исчистиме снегот

- Локални
137

ЈП Комунално Струга информира дека поради непрописно паркираните возила по улиците низ градот, екипите на службата се соочуваат со проблем за успешно отстранување на снегот од улиците.

„Се молат граѓаните своите возила да ги паркираат на места определени за таа намена, заради непречено обавување на нашата работа во зимски услови односно отстранување на снегот од улиците.
Доколку во вакви услови се затекнат непрописно паркирани возила ЈП Комунално Струга со Пајак службата и со асистенција на полицијата ќе врши присилно отстранување на истите.“ – вели директорот на ЈП Комунално, Г-дин Иван Клечкароски.

Strugaonline

Facebook Коментари