АМСМ: Утрово е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Струга граничен премин Ќафасан

- Локални, Македонија
772

Од АМСМ информираат дека утрово од 07:15 часот воведена е  забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга граничен премин Ќафасан. Од 04:10 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.Од 08:45ч. на патниот правец Тетово-П.Шапка се воведува забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема (ланци). Од 08:55ч. се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија Пат. Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Извор: АМСМ

фото: архива

Facebook Коментари