Државниот завод за статистика објави дополнителен конкурс за попишувачи и инструктори

- Македонија
371
По извршената првична селекција на  пријавите на кандидатите кои се пријавиле на конкурсот за попишувачи и инструктори објавен на 23.02.2021 година констатирано е дека во одредени пописни реони не се јавил потребниот број на лица од кои може по нивно тестирање да се изврши избор на попишувачи и инструктори.
Заради наведеното Државниот завод за статистика одлучи да објави дополнителен конкурс за попишувачи и инструктори за оние реони каде што недостасува потребниот број на лица.
Yтре на 03.03.2021 година во дневните весници на македонски јазик и во Коха на албански јазик ќе биде објавен дополнителниот конкурс. Пријавата на кандидатите ќе трае од 03.03.2021 година до 07.03.2021 година. Принципот на пријавување ќе биде ист, односно пријава, која ќе биде достапна на веб страницата на ДЗС.

Facebook Коментари