ЈП Комунално: Во текот на целиот ден работиме на чистење на снегот

- Локални
694

Вработените во ЈП Комунално – Струга задолжени за зимското одржување на улиците во градот,информираат дека  во текот на раните утрински часови како и во текот на целиот ден работат на расчистувањето на снегот и мразот. Од таму исто така велат дека  работат на расчистувањето на снегот и мразот и од градската чаршија и на кејовите.


„За таа цел се ангажирани приближно 50 работници од ЈП Комунално – Струга како и целокупната механизација со која располага ЈП Комунално – Струга, заангажирани беа и фирмите со кои ЈП Комунално – Струга има склучено договор за соработка за зимското одржување. Исто така се вршеше и посипување со сол и песок на улиците, како и на пешачките патеки и тротоарите. “ – велат од претпријатието.

Strugaonline

Facebook Коментари