Кино проекција на филмот „Дедо и внук“ на 6-ти февруари во Охрид

- Локални
456

Кино проекција на филмот „Дедо и внук“ на 6-ти февруари во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Режисер на филмот е Илија Пиперкоски, продуцент е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, а монтажата ја направи Данчо Стефков.
Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и Наум Цветкоски.

После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато.

Почеток e закажан за 20.00 часот, цена на билет 100 денари.
Телефон за резервации 046/261-063,

Strugaonline

Facebook Коментари