Sheck Wes, Metronomy, Marky Ramone и уште 25 жестоки бендови тукушто објавени за EXIT 2.0!

- Забава
444

Американскиот хит рапер Sheck Wes, еден од водечките британски инди-рок бендови Metronomy, добитникот на „Греми“ наградата за животно дело и живата икона на панкот Marky Ramone, како и њујоршките хардкор херои Agnostic Front, ги предводат жестоките засилувања и листата од 28 нови изведувачи  на овогодишниот EXIT Фестивал! Со нив на Тврдината доаѓаат и финските панкери Rattus, бостонскиот хардкор бенд Death Before Dishonor, авангардниот норвешки квартет Shining, шведските хард-рок хероини Thudermother, мелодичните панкери од Лондон Guitar Gangsters, хрватскиот кантавтор J.R. August, белградската супергрупа Minilinija, но и многу други кои се придружуваат на веќе објавените ѕвезди на јубилејниот Exit, како што се David Guetta, Tyga, James Arthur, Fatboy Slim, Boris Brejcha, ARTBAT

(Шек Вес) претставува вистинска рап сензација од Њујорк, а неговата „Mo Bamba“ важи за еден од најголемите хип-хоп хитови во претходните неколку години. За брзиот подем на овој дваесетидвегодишен рапер и продуцент од Харлем најдобро сведочи фактот дека неговиот талент го препознаа и Travis Scott (Травис Скот) и Kanye West (Канје Вест), потпишувајќи ги неговите изданија, со што кариерата на Wes беше трасирана кон хедлајнерскиот статус. „Mo Bamba“ веќе брои повеќе стотини милиони прегледувања на „ЈуТјуб“ каналот додека вкупниот број на стримови и ремикси се искачува и до милијарда. Иако има еден студиски албум, веќе може да се пофали со низа соработки со големите ѕвезди како што се DJ Snake (Диџеј Снејк), 21 Savage (21 Севиџ), Lil Pump (Лил Памп), Offset (Офсет) или Gucci Mane (Гучи Мане), а покрај музиката тој одлично игра и кошарка, па може да се види и во промо-спотовите за спортската опрема „Ер Џордан“! А како сѐ тоа да не е доволно, Sheck Wes зад себе има и главна улога во опера, која ја режираше ни повеќени помалку туку Kanye West. Едно е сигурно, младиот харлемски рапер е на експресен пат да стане следното големо име на хип-хоп музиката.

Metronomy (Метрономи) се повеќекратно наградуван бенд во најразлични категории, од најдобра кореографија до најдобар поп изведувач, додека фронтменот на бендот, мулти-инструменталистот и продуцент Joseph Mount (Џозеф Моунт), е познат и по соработките со музичките ѕвезди како што се Robyn (Робин), Jessie Ware (Џеси Вер), Diplo (Дајпло), Sophie Ellis-Bextor (Софи Елис-Бекстор) и бројни други. Од основањето, Metronomy патуваа на турнеи со бендови од калибарот на Coldplay (Колдплеј), додека нивниот денешен ѕвезден статус произлезе од денс-рок звукот по кој секогаш важеа дека се малку пред времето. Познати по верната база фанови, како и исклучително синематичните спотови, својот шести албум Metronomy Forever го објавија во септември минатата година, а на Петроварадинската тврдина стигнуваат со одличниот електронски звук и многу песни идеални за летните фестивалски ноќи!

А на прославата за 20 години на Exit (Егзит) се придружува и членот на рокенрол куќата на славните и човекот чии отисоци од раката се на тротоарот на холивудските рок ѕвезди Marky Ramone (Марки Рамон)! Својата кариера ја изгради свирејќи 15 години како тапанар во легендарниот панк состав The Ramones (Д Рамонс), а токму во тој период овој бенд објави една од своите најпознати песни „I Wanna Be Sedated.“ По повеќе од 1.700 отсвирени концерти и преку 15 изданија, The Ramones го најдоа своето место во Р’н’Р Куќата на славните, а воедно се и двократни добитници на наградата за животно дело, еднаш од страна на „Ем-Ти-Ви“ и еднаш на „Греми“ наградите! Marky Ramone’s Blitzkrieg, бендот со кој Marky настапува, продолжува во 2020-та година со еднакво бомбастично темпо, а својата завидна енергија и најголемите хитови на бендот The Ramones ќе ги донесе и на најголемиот музички настан во регионов, на Петроварадинската тврдина во Нови Сад!

На веќе потврдените имиња за Fusion (Фјужн) бината на Exit, меѓу кои се Buč kesidi (Буч Кесиди), Kosheen (Кошин), Love hunters (Лав Хантерс) и E-play (И-плеј)сега се придружива и J.R. August (Џеј-Ар Аугуст), што е псевдоним зад кој се крие хрватскиот кантавтор Никола Враниќ, пејач, продуцент и мулти-инструменталист кој претставува една од истакнатите личности на хрватската авторска сцена. Тој ќе го претстави својот дебитантски албум „Dangerous Waters“, кој е вистински бисер на регионалната инди сцена. На Fusion доаѓа и српската супергрупа Minilinija (Минилинија), сочинета од членовите на неколку познати бендови од Белград, собрани околу идејата за истражување на современата електронска музика. Исклучително моќна свирка на истата бина ќе ни претстави и белградското гаражно трио Šajzerbiterlemon (Шајзербитерлемон), кои во мај минатата година го објавија својот прв албум „Iza naših zidova“. Покрај нив, на Fusion бината од Шведска доаѓаат и хард-рок / метал хероините, Thundermother.

Дел од силната екипа на Explosive бината ќе бидат: едно од најголемите светски имиња на хардкор правецот Agnostic Front (Агностик Фронт), бостонскиот хардкор бенд Death Before Dishonor (Детх бифор дисонор), култното анархо-панк име високо котирано во андерграунд круговите Rattus (Раттаус), сѐ повеќе популарниот авангарден норвешки бенд Shining (Шајнинг), како и мелодичниот стрит-панк бенд од Лондон Guitar Gangsters (Гитар Гангстерс). На овој гитарски празник ќе се придружуи едно од најквалитетните имиња на скандинавската сцена Misconduct (Мискондакт), данското панк-рок трио кое во регионов има озбилна фан-база Movement (Мувмент), динамичниот и директен детх-треш метал од Шведска, Terminal Prospect (Терминал Проспект), фуриозниот детх-блек метал од Чешка Bohemist (Боемист), бразилскиот треш метал бенд Nervosa (Нервоса) кој е во константен подем и без престан на турнеи ширум светот, како и автентичниот фински готик метал со примеси на дарк-рок Lamori (Ламори), луцидната фузија на блек метал и суров хардкор звук Hexis (Хексис) и мексиканската детх метал машинерија Armada (Армада). Свои претставници ќе има и регионаланта сцена, која за специјалната прослава за 20 години на EXIT фестивал ја сочинуваат ветераните на грув метал музиката Overdive (Овердајв) и хардкор панк борците Proleće (Пролеќе) кои на Exit ќе одбележат 30 години од оформувањето. Свое место добиваат и: сѐ повеќе познатото име на српската слаџ-стонер сцена Hill (Хил), петчлениот мелодичен детх-метал бенд Nemesis (Немезис), како и грајндкор герилата Stranger (Стренџер) од Хрватска. Публиката ќе ужива и во настапите на дел од најдобрите српски треш метал бендови како Alitor (Алитор) и War Engine (Вор Енџин) како и хрватските хардкор панкери Smrt razuma (Смрт Разума) кои во текот на оваа година објавуваат деби албум.

EXIT влезниците носат заштеда од дури 55%!
Во моментов во продажба е ограничен контингент комплет EXIT влезници по цена од 3700 ДЕНАРИ, што претставува високи 55% заштеда во однос на финалната цена! Влезниците за EXIT можат да се набават преку официјалната страница exitfest.org , а во продажба се и туристичките пакети кои покрај влезниците опфаќаат и сместување и превоз, достапни преку официјалната туристичка агенција на Фестивалот , EXIT Trip. Во Македонија, билетите за EXIT се продаваат преку продажната мрежа на МкТикетс.

Facebook Коментари