Изминатиов викенд дел од членовите на клубот 3Дисциплини , како дел од новиот велосипедски клуб ,,Лихнидос“ од Охрид настапија на Куп на Маледонија во друмски велосипедизам ,,Трофеј Охрид“ каде што постигнаа одлични резултати.
Сениорката Блерта Хани- го освои третото место на делницата од 30км. Во категорија кадети Матео Мачоски ја заврши неговата прва вело трка од 30 км со одличен пласман топ 5. Олса Орани -1 место на 12 км.
Во категорија У-15 жени 12км Тија Кукунешоска го освои првото место во одлична трка .
У-13 12км Марко Шаврески -прво место
Симеон Јованоски -второ место
Јован Кутаноски -трето место
Стефанија Кутаноска -у13 жени го освои првото место
Софија Кутаноска -второто место
Леонтина Џероска -3 то место
Хади Исмаилоски 4 то место
Виктор Опетчески 5 то место
,,Викендот веднаш го продолживме во Скопје на Меѓународното триатлон првенство каде што нашите членови покажаа дека се од челик, дека Струга ги има најздравите, најуспешните и најборбени деца .Ниту невремето во Скопје во неделата, проследено со дожд, ветер и студ не ги премисли нашите членови што настапија на Купот во велосипедизам во Охрид, придружени од останатите членови Бона и Мона Кукунешоски, Матеј Лазороски со одлични настапи особено во пливањето (со две недели пливање), Дамјан Бежаноски со одлично пливање (две недели) да настапиме на триатлонот во Скопје и продолжиме со одличните успеси, кои што со оглед дека имавме пливање, а немавме доволно тренинзи , можам да кажам дека нашите членови растурија!,,-вели тренерот Никола Кутаноски.
Блерта Хани-сениор освои прво место
Олса Орани-јуниор трето на државно првенство
Тија Кукунешоска-кадет трето на државно првенство
Матео Мачоски кадет 5 место
Марко Шаврески Постар пионер -1 место(дисквалификуван)
Дамјан Бежаноски 7 мо место мкд
Хади Исмаилоски постар пионер 8мо место мкд
Леонтина Ѓероска-постар пионер 3 то место дисквалификувана.
Јован Кутаноски второ место помлади пионери
Софија Кутаноска прво место
Стефанија Кутаноска второ место
,,Сите овие резултати на триатлонот можеа и знаеме дека ќе беа упте подобри доколку нашите членови имаа константно пливање во тек на годината како сите други што се подготвуваат,за разлика од нашите две недели пливање, за кои што сме благодарни до Хотел Изгрев што ни овозможи да го користиме базенот за нашите членови да имаат барем осет на водата за трката во Скопје.,,-додава Кутаноски.
Наредна трка е следниот викенд во Струга на детските трки и 5км на ,,Трка на поезијата“, потоа следува патување во Ниш каде на 27 ми мај ќе учествуваат на пливачки митинг. Следниот ден, на 28ми мај на струшките триатлонци им следува Триатлон во Белград. Следуваат и настапи во Хрватска, Дојран и во Германија.
Facebook Коментари