(ВИДЕО) Александар Петрески и Тина Русева ја промовираат песната ,,Божиќен ден“

- Музика
189

Музичарот Александар Петрески кој потекнува од Охрид, а живее во Германија ја промовира новата песна ,,Божиќен ден“, наменета за најмладите слушатели, но и за повозрасните кои со музика уживаат во празничните денови.

,,Среќата станува двојна, кога ќе се подели. Инспириран од темата на книгата со трите зајачиња (Drei Häschen im Weihnachtsgewimmel – mit Tannenbaum unterm Sternenhimmel, Aspasija Topalovska Petreska), дојдов до идеја да ја напишам оваа божиќна детска песна, во која e даден поглед на среќата која децата ја чувствуваат за божиќните празници или како што се вели, најубавото време во годината. Но дали секое дете исто ја чувствува таа среќа?
”На овој прекрасен ден, делиме се
божиќен ден, носи среќи две
волшебни сни, подари ги…”-вели Петрески.

Тој раскажува дека среќата ја поделил  со Тина и таа навистина станала двојна.

,,Музиката е стара оригинална идеја, која му ја свирев и пеев на син ми кога беше бебе.
Во моментот кога бев скоро на пат сам да ја довршам новата божиќна песна, сосем случајно ја открив Тина Русева, Македонка од Струмица, која живее во Германија во моја близина. Таа е огромен млад вокален талент и професионалец, кој внесе волшебство во оваа песна.
Мојата цел е да оставам препознатливост и музика која ќе трае. Посакувам што поголемо слушање и ширење позитивна и божиќна енергија. За сите деца и за сите возрасни! Сподели ја песната за двојна среќа!“-вели Александар.

Тој е комплетен автор на песната, негово дело е и видео продукцијата, а главните и придружмните вокали ги пее заедно со Тина Русева.


Strugaonline

Facebook Коментари