Марко Пејчиноски од Охрид е добитник на „Светската награда за млад хуманист“

- Локални
824

Младиот Марко Пејчиноски од Охрид е добитник на „Светската награда за млад хуманист“, за која го номинираше телевизија  Алфа.

– Исклучителната сила на неговиот карактер, неговата моќ да ја сподели љубовта со сие што страдаат, беше основната причина на нашата определба да му го доделиме ова високо меѓународно признание. Неговата воља за победа над ретките болести и хендикепот на тие што се вклучени во битката за здравје, е исклучителна чест што треба да биде признаена во македонското општество, и нашето Интернационално жири се приклучува во тој голем морален чин. Доделувајќи му го ова признание, Интернационалното жири на „Светската награда за млад хуманист“ го одбележува и со специјалната назнака дека Марко Пејчиновски е всушност интернационална млада надеж за 2020 година, објави Тв Алфа.

Марко Пејчиновски во  2018 година за девет часа го преплива Охридкста езеро.

Facebook Коментари