Meѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од утре во Струга

- Локални
553

Во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“,  од 11-ти до 14-ти овој месец во Струга ќе се одржат првите Meѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во Македонија со едукативен и спортски карактер.

Според најавата на организаторите, на свеченото отворање кое е закажано за 12-ти април во 11:00 часот во хотелот „Дрим“, учество ќе земат претставници на Здружението „Нефрон“, Мрежата на организации на југоисточна Европа SEEN Transplant, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, МАНУ, Клиниката за нефрологија, Центарот за трансплантација на бубрези, Националниот координатор за трансплантација, Заводот за нефрологија Струга, Дијализните центри, пациентите на дијализа, пациентите со трансплантиран бубрег и други органи, дарителите на органи и други гости.

Strugaonline

Facebook Коментари