Наскоро започнува реконструкцијата на базенот во Струга

- Локални
1125

Владата на РСМ на оваа своја седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, со што е одобрено отпочнување на постапка за склучување Договор за повеќегодишна јавна набавка за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, а средствата потребни за оваа намена во тековната 2019 година во вкупен износ од 30.000.000,00 денари да се вклопат во рамки на расположливиот Буџет на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година.

Дополнително, со заклучок на Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните 3 години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година, а на општините Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба.

Што се однесува до базенот во Струга, пратеникот Јован Митрески информираше дека за реконструкција на струшкиот базен избран е веќе изведувач на градежните и машинските работи. Поминати се фазите за спроведување на јавна набавка, реконструкцијата започнува за брзо време согласно проценките на изведувачот. Според првичната проценка, од стариот базен ќе остане само коритото, друго сè ќе се руши и гради од почеток.

Strugaonline

Facebook Коментари