МЈП Проаква ги најавува своите онлајн услуги

- Локални
1363

МЈП Проаква-Струга го најавува својот нов веб-портал преку кој претпријатието ќе нуди можност за:
– Онлајн пријава на сите дефекти
– Онлајн плаќања на фактури
– Онлајн аплицирање за легализација на нелегалните приклучоци
– Онлајн формулари за барања и жалби
– Онлајн аплицирање за нови приклучоци
– Верификација на исправноста на вашиот водомер
– Редовно објавување на финансиските извештаи
– Редовно објавување на анализите за исправност на водата за пиење
– Вашите прашања, поплаки и пофалби.

„Нашето претпријатие постојано работи за да се прилагоди до сите ваши барања и сите најнови стандарди и законски одредби.“ – велат од МЈП Проаква

Strugaonline

Facebook Коментари