Време: Облачно со врнежи од дожд

- Македонија
398

Денеска ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Врнежите од изутрина ќе се преместуваат кон исток каде што ќе се пообилни и ќе завршуваат. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 19 степени. Утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Наутро со услови за појава на магла по котлините. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 2о степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари