МЈП Проаква „Против лицата кои фрлаат отпад во канализациите, ќе се покрене кривична постапка“

- Локални
611

Во врска со блокирањето на канализациониот систем при што неодговорни лица во него фрлаат градежен и друг отпад МЈП Проаква излезе со рекација.

„Ситуацијата која беше објавена од страна на еден портал е  состојба која се случува веќе неколку пати на истото место каде што неодговорни лица го блокираат канализациониот систем фрлајќи во него градежен и друг отпад спротивно на законските одредби, исполнувајќи ги на овој начин елементите на многу кривични дела.“ – стои во рекацијата на МЈП Проаква.

За оваа проблематика екипите на МЈП Проаква Струга во неколку случаи интервенирале за да го исчистат системот, меѓутоа како што велат,  овие лица продолжуваат да го вршат истото дело.

„Запознаена е и Месната Заедница на село Калишта кои ни понудија поддршка за откривање на овие лица и нивно ставање пред лицето на правдата.
МЈП Пpоаква Струга сите докази со кои располага од денеска ќе ги достави до органите за внатрешни работи и против одговорните лица ќе се покрене кривична постапка согласно закон.
Жалиме што поради неколку неодговорни лица треба да пати едно цело село како што е село Калишта во овој случај.“ – велат од МЈП Проаква.

Strugaonline

Facebook Коментари