На местото „Вишинско Блато“ во Струга ќе се врши инсталација на нови водоводни цевки, канализациони цевки и изградба на канали за атмосферска вода

- Локални
595
Во рамки на проектот за изградба на патишта од страна на компанијата ТАВ, директорот на JП „Водовод и канализација“ – Струга, Доц. Др. Дашмир Насуфи, заедно со градоначалникот на општина Струга, г-дин Рамис Мерко, излегоа на увид на местото во Струга, поточно кај УПВНМ „Вишинско Блато“, каде што ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, во соработка со општина Струга, ќе реализираат уште еден голем проект за градот. Во овој дел од градот ќе се врши инсталација на нови водоводни цевки, канализациони цевки и изградба на канали за атмосферска вода. Се очекува во наредните месеци овој проект да биде комплетно завршен.

StrugaOnline

Facebook Коментари