„Охридски комуналец“ постави информативни табли за забрането фрлање отпад

- Локални
734

Ј.П.„Охридски Комуналец„ постави информативни табли за забрането фрлање отпад на локации каде во изминатиов период е евидентирано недозволено одлагање и фрлање отпад од секаков вид (градежен шут, кабаст отпад, зелен отпад и друг комунален отпад).

„Со цел развивање на еколошката култура и поголема совест на граѓаните поставени се шеесет информативни табли на локации -црни точки кои во многу наврати се темелно расчистени, но набрзо сликата од расфрлан отпад се повторуваше.“ -информираат од претпријатието.

Од таму додаваат дека заради обезбедување на јавна чистота и заштита на животната средина и природата најстрого е забрането фрлање на отпад на јавни површини и во природата, односно надвор од определените места и садови  за одлагање на отпад.

Согласно Законот за Јавна чистота  казна ќе  му се  изрече на секое лице кое постапува спротивно и не ја почитува забраната односно фрла отпад на јавна површина.

Од ЈП „Охридски комуналец“  апелираат секоја девијантна појава и непочитување на јавната чистота граѓаните да ја пријавуваат на телефонскиот број 075-495-428.

Strugaonline

Facebook Коментари