Оnline обука за дигитален маркетинг во Американско катче-Струга, пријавувањето е во тек

- Локални
494

Започнете кариера во дигитален маркетинг, или унапредете го својот бизнис, со оваа бесплатна онлајн обука!
Во тек е пријавување за бесплатна тримесечна обука за Дигитален маркетинг и СЕО при Американското катче во Струга. За обуката можат да се пријават сите лица на возраст над 20 години кои сакаат да стекнат нови знаења од областа на дигиталниот маркетинг, и кои имаат доволни познавања на англиски јазик за да ја следат обуката.
Повеќе детали околу содржината на курсот, предавачите и селекцијата на учесници, како и линк за пријавување, можете да најдете на веб страната на Американско катче Струга
Бројот на места е ограничен, а рокот за пријавување истекува на 12 јули 2020 г.

Strugaonline

Facebook Коментари