Време- Сончево и топло со мала до умерена облачност

- Македонија
86

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен североисточен ветер. УВ индексот ќе има вредност 9, а дневната температура ќе се движи во интервал од 28 до 35 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе има вредност 9, дневната температура ќе се движи во интервал од 29 до 36 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари