Показна вежба утре во „Јахја Кемал“, граѓаните да не паничат, пожарот ќе биде само симулација

- Локални
122

Утре во 13:00 часот во приватнот училиште „Јахја Кемал“ ќе се одржи  тактично-показна вежба ,,Гаснење на пожар и евакуација на училиштето“ заедно со тимот од ТППЕ Струга.

Оваа вежба е по план и програма која училиштето е задолжено да ја спроведе од страна на Министерството за образование. Станува збор за едукација и превенција од пожари и природни непогоди.

Од ТППЕ Струга потенцираат дека станува збор за показна вежба и важно е граѓаните да бидат информирани за да не се создаде паника и вознемираност. „Пожарот“ и „евакуацијата“ ќе бидат само симулација.

Strugaonline

Facebook Коментари