Поранешни ученици од ,,Јахја Кемал“ дебатираа на тема ,,Сегашниот образовен систем треба да се реформира“

- Локални
743

На 21-ви ноември, поранешни ученици од ПСУ,,Јахја Кемал” кои сега се студенти на глобални универзитети, дебатираа на темата „Сегашниот образовен систем треба да се реформира“.

-Во фокусот беа предностите и недостатоците на образовниот систем, а една од главните цели беше да им се даде пример  на потенцијалните дебатери за тоа како тие треба да ги презентираат своите идеи и како успешно да ги изразат своите мислења за вакви важни теми.-информираат од ПСУ ,,Јахја Кемал“

На дебатата учествуваа Teoна Тасеска, Ријета Јонузи, Ангела Бушеска, Емел Абуш, Коста Миса и Гелдон Рашити.Тие студираат на еминентни универзитети во Англија, Америка и Македонија.

Strugaonline

Facebook Коментари