HEMI Music Awards – Отворен повик за музички изведувачи

- Забава
469

HEMI MUSIC AWARDS (HMA) е нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво. HMA е организирана од HEMI (Центар за размена на музички иновации) – европска иницијатива која има за цел поддршка на изведувачи и професионалци во музичкиот бизнис од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

Биди дел од годишната програма за музички таленти со која можеш да добиеш персонализирана поддршка од страна на професионалци од меѓународната музичка индустрија, заедно со активности за вмрежување и турнеи кои ќе ти помогнат да ги пробиеш границите на Македонија и можност да освоиш нова публика на 10-те водечки музички конференции и фестивали низ цела Европа.

Изборот ќе го врши меѓународно жири составено од 27 експерти, вклучувајќи организатори на фестивали, промотори и продуценти, менаџери на музички експорт бироа и клубови, и музички новинари. Избраните таленти ќе бидат промовирани од страна на 18 медиумски партнери од 9-те земји кои го сочинуваат HEMI.

HEMI MUSIC AWARDS 2021 се состои од програмски пакети кои содржат бројни активности составени од едукација и практичен дел, а вклучуваат персонализирани консултации, експорт пакети, вмрежување со професионалци од европската музичка индустрија, поддршка при промоција и организација на турнеја.

Апликантите мора да бидат бендови или соло артисти (постари од 18 години), кои живеат во една од земјите кои го сочинуваат HEMI. Крајниот рок за аплицирање е среда, 23-ти декември 2020 година до 23:59 часот. Аплицирањето е бесплатно и отворено за секој музички жанр. Сè што е потребно е да се пополни апликацијата – https://hemimusichub.com/awards/

Facebook Коментари