Време- Сончево стабилно и значително топло

- Македонија
503

Времето во државава во текот на следниот период ќе се задржи стабилно, суво и значително топло за овој период од годината со високи максимални дневни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во централните и во југоистпчните предели истите се очекува да достигнат до околу 30, 31 степен. Времето ќе биде сончево, повремено со сосема мала и локална облачност. По одделни колтини и речни долини во утринските и претпладневите часови ќе има услови за магла и ниска облачност. Следува сушен период

Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари