Приведени крадци во Струга, се сомничат за тешка кражба во куќа во „Плитишта“

- Локални
1775

На 06.06.2023 во 09.45 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Д.У.(37) од Струга и Е.П.(46) од Куманово. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во куќа во струшката населба Плитишта, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено при преглед кај нив и при претрес, извршен со судска наредба, во домот на Д.У. во Струга. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари