Во петок во Охрид премиера на претставата „Сергеј е многу глупав”

- Локални
304
Во петок во Центар за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид  премиерно ќе биде изведена претставата „Сергеј е многу глупав” во режија на Дејана Николовска.
,,Во претставата „Сергеј е многу глупав” се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент
па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив. Серјожа не е глупав. Тој е типичен млад обрaзован човек, продукт на еден систем и на едно време. Тој го разбира животот на одредено ниво, како и повеќемината од нас.Тој се плаши од ирционалното кое, кога ќе влезе во нашите животи, треба да се третира соодветно. Во спротивно, може да остави несогледливи последици по животот. Што би направиле вие на местото на Сергеј? Дали би ја отвориле пратката?.“ – стои во описот на содржината.

Автор на претставата е Дмитриј Данилов. Играат актерите Никола Тодороски,  Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Елизабета Стефановска.

 Почетокот е закажан за 20.00 часот, а билети можете да набавите на билетарата при охридскиот центар за култура по цена од 250 денари.
Strugaonline

Facebook Коментари