Проекции на филмот „Глас“ во четврток и петок во Струга

- Локални
571

Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 13-ти и 14-ти февруари (четврток и петок), со почеток во 20.00 часот, ќе се прикажува играниот филм ГЛАС.


Билетите се по цена од 100 денари.
Режија: Огњен Свиличиќ (Ognjen Sviličić)
Сценарио: Огњен Свиличиќ, Маријана Верхоеф (Ognjen Sviličić, Marijana Verhoef)
Улоги: Франко Јаковчевиќ, Белма Кошутиќ, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ, Игор Ковач, Горан Богдан, Стипе Радоја, Јосип Лукиќ (Franko Jakovčević, Belma Košutić, Karla Brbić, Barbara Vicković, Igor Kovač, Goran Bogdan, Stipe Radoja, Josip Lukić)
Возрасна категорија: 12 години
Најновата копродукција на Скопје Филм Студио ГЛАС својата Светска премиера ја имаше во рамките на програмата World Cinema на Интернационалнот Филмски Фестивал во Бусан (Busan International Film Festival-BIFF), која е значајна затоа што ги прикажува новите филмски остварувања на режисерите кои со своите дела помаагаат да се разберат последните трендови во светската кинематографија. Програмата е посветена на нови неазиски наслови на реномирани режисери, како и филмски хитови од штотуку завршените светски фестивали.
По светската премиера во Бусан, каде што беше одлично прифатен од публиката, филмот имаше Европска премиера на Интернационалниот Филмски Фестивал во Варшава по што фестивалскиот живот продолжи на Фестивалот во Котбус, Германија каде беше дел од Натпреварувачката програма.
,,ГЛАС е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат, каде што дава отпор на верските практики на училиштето. Сепак, учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно.’’
Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографија е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак а ко-продуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ.
Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.

ГЛАС е копродукција помеѓу Максима филм од Хрватска, Скопје Филм Студио и Биберче продукција од Србија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РСМ како и Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радиотелевизија и Филмскиот центар на Србија.

Филмот својата македонска премиера ја имаше на 18. Фестивалот на Европски Филм Синедејс.

Strugaonline

Facebook Коментари