Проекција на филмот ,,Рока го менува светот“ денеска во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“

- Локални
79

Во рамки на неделата на детски филмови во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ денеска со почеток во 13:00 часот ќе се прикажува филмот  ,,Рока го менува светот“.

Рока има 11 години и живее прилично уникатен живот. Додека нејзиниот татко гледа над неа како астронаут од вселената, Рока живее сама со нејзината верверица и за прв пат во нејзиниот живот оди во нормално училиште. Таа мора да се бори да ја зачува својата уникатност и независност и да докаже дека и децата можат да го менуваат светот.

Станува збор за германски филм во режија на  Катја Бенрат.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари