30 нови случаи на ковид 19, во Струга едно починато лице и еден оздравен пациент

- Македонија
461

Во текот на последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, при што се регистрирани 30 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство.

По градови:

-Скопје 14
-Куманово 4
-Тетово и Кочани по 2
-Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип по 1

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 8 од Скопје (61, 62, 69, 72, 75, 80, 82 и 82 години), две лица Битола (65 и 82 години) и по едно лице од Куманово (80 години), Струмица (76 години), Охрид (68 години), Гостивар (73 години), Ресен (69 години) и Струга (72 години). Од пријавените, еден е починат во домашни, а останатите во болнички услови.

Регистрирани се 359 оздравени пациенти од:

-Скопје 163
-Куманово 31
-Битола 26
-Тетово 16
-Велес и Кичево по 12
-Кочани, Гостивар и Кавадарци по 11
-Ресен 10
-Штип 9
-Виница, Прилеп и Свети Николе по 6
-Струмица 5
-Неготино и Берово по 4
-Радовиш и Гевгелија по 3
-Крива Паланка и Дебар по 2
-Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 749.727 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.

Facebook Коментари