Лев банер Десен банер

„RAGE“ прогласен за најдобар филм на јубилејното десетто издание на Drim Short Film Festival

Заврши десеттото, јубилејно издание на Drim Short Film Festival, на кое беа доделени наградите за најдобрите филмски остварувања во повеќе натпреварувачки и специјални програми.

Жирито во состав Масимилијано Нардули, сценарист, Верица Недеска, актерка, и Гледис Бица, режисер, ги избраа најдобрите филмови во рамки на фестивалските категории.

Во Студентската натпреварувачка програма, Специјалното признание му припадна на филмот „HOW TO FALL OUT OF LOVE“ во режија на Варвара Зарицка, додека за најдобар филм беше прогласен „RAGE“, во режија на Фран Морено Бланко и Санти Пујол Амат.

Во Националната натпреварувачка програма беа доделени две специјални признанија. Едното му припадна на „THE BENCH“, во режија на Трифун Ситниковски, а другото на „POSITIVE VIBES“, во режија на Сара Климоска и Радован Петровиќ. За најдобар филм во националната селекција беше избран „MUSHROOMS GROW IN MEMORY“, во режија на Ханис Багашов.

Во Регионалната натпреварувачка програма, Специјално признание доби „IMAGINARY NUMBERS“ во режија на Јелица Јериниќ, додека наградата за најдобар филм му припадна на „WHAT IF THE SKY SEES US?“ во режија на Кристин Абу Зеин.

Во специјалната програма „Соочување со минатото“, Специјалното признание беше доделено на „INTERSECTING MEMORY“, во режија на Шајма Аввадех. За најдобар филм во оваа програма беше прогласен „Slet 1988“, во режија на Марта Попивода.

Наградата за најдобар филм во Меѓународната натпреварувачка програма му припадна на „WONDERWALL“, во режија на Роизин Барнс.

Главното признание на десеттото јубилејно издание на фестивалот – наградата за најдобар филм од сите натпреварувачки категории – ја освои студентскиот филм „RAGE“ во режија на Фран Морено Бланко и Санти Пујол Амат.

Покрај одлуките на стручното жири, беше доделена и Наградата од публиката, која му припадна на филмот „THE BENCH“ во режија на Трифун Ситниковски.

Со доделените признанија и награди, десеттото издание на Drim Short Film Festival уште еднаш ја потврди својата посветеност кон промоцијата на краткометражниот филм и претставувањето на млади и автори од земјава, регионот и светот.

StrugaOnline

error: