Ремонт во хидроелектраната „Шпилје“ за поголема стабилност на хидросистемот Црн Дрим

- Локални
422

Во тек е планираниот ремонт во хидроелектраната „Шпилје“ при што главна активност ќе биде замена на пеперуткастите преттурбински затворачи.

Од 1-ви до 7-ми овој месец котата на Дебарското Езеро се намали за 2 метри како подготовка за планираниот застој на хидроелектраната „Шпилје“.

Производството на ХЕ „Шпилје“ ќе биде во тотален застој следните 30 денови, кога котата на езерото ќе биде во постојан пораст од 20 до 25 сантиметри. Првичната кота на езерото беше 571, 3 м.н.в., а највисоката кота што може да се достигне е 580 м.н.в, информираат од АД ЕСМ.

Додаваат дека со реализацијата на овој инвестициски проект се зголемува сигурноста и стабилноста на хидросистемот „Црн Дрим“, целосно се заштитува опремата и се елиминираат енергетските загуби на вода, што во меѓувреме ќе се користат за производство на електрична енергија.

Извор: ОхридПрес

Facebook Коментари