Од полноќ поскапуваат горивата

- Македонија
509

За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за еден денар на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, Еуросупер БС-95 во следните седум дена ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар, а дизелот за 61,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 61 денар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,348 денарри за килограм и сега  ќе се продава по цена од 35,237 денари за литар.

 

Facebook Коментари