РК Струга постигна убедлива победа против РК Радовиш

- Локални, Спорт
734

Екипата на РК Струга, која е второ пласирана на плеј-аут табелата во Суперлигата забележа нова победа. Во 6-то коло на нашите ракометари им гостуваше РК Радовиш кој си замина поразен.

Ракометарите на РК Струга славеа многу убедливо со  41:25.

Радовишани на висина на задачата беа само во првиот дел од натпреварот, кога РК Струга на одмор успеа да отиде само со три гола позитива, односно резултат 18:15.

Во вториот дел од мечот РК Струга успеа да се одлепи доволно за до крајот на натпреварот да игра релаксирано, нашите ракометари можеа да бидат сигурни во победата. Мрежата на Радовиш беше се пополна, за на крај Струга да слави убедливо со резултат 41:25

Најефикасен во нашиот тим  беше Христијан Крстаноски кој постигна седум гола, а втор стрелец со шест гола беше Ненад Костески. Во екипата од Радовиш најдобар стрелец беше Кристијан Ристов со девет гола.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари