РК Струга со максимален учинок во Суперлигата, победа и во Радовиш!

- Локални, Спорт
945

Ракометниот клуб Струга продолжува со победнички ритам во Супер-лигата. После победите над екипите на „Борец“ и „Вардар јуниор“ , на гости успеа да ја совлада и екипата на РК „Радовиш“ со резултат 32-35.

Во првиот дел од натпреварот  иако нашите ракометари успеваа резултатски да се одлепат од противникот сепак, ракометарите на Радовиш се враќаа во игра и го следеа струшкиот ритам. На крајот од првиот дел РК Струга имаше предност од само еден гол (18-19).

Првиот дел од второто полувреме беше многу важен за победата на РК Струга која следеше на крај. Нашите ракометари успеаа да поведат со пет голови разлика (22-27).

Неизвесноста дојде кога домаќините направија серија успевајќи на седум минути пред крај на натпреварот да дојдат до само еден гол негатива. Потоа следеше серијата на РК Струга за краен резултат 32-35

На теренот во Радовиш блесна  Дарио Петровски кој за РК Струга постигна 10 голови.

РК Струга има три победи од три одиграни натпревари во Суперлигата.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари