Ракометарите на Вардар на гостувањето во Струга обезбедија пласман на Ф4 во купот на Македонија. Вардарци во Струга славеа со резултат 24:29.
Гостите уште во првото полувреме направија поголема предност, а на крајот на првиот дел резултатот беше 11:19.
Во вториот дел нашите ракометари се обидоа да ја стигнат предноста, но за жал не успеаа во тоа. Така, шанса добија и ракометарите кои беа на клупата на Вардар
Најефикасен во составот на РК Струга беше Дикаминџија со десет гола, а во составот на Вардар, Поповски постигна осум.
СТРУГА – ВАРДАР 24:29 (11:19)
Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.
Струга: Кузмановски Крстаноски 1, Чантурија 2, Т.Нацев, Тренчевски 3, Н.Нацев, Јанкуловски 1, Стојаноски, Ферукоски, Мечкароски, Николиќ 1, Трајковски, Маркоски, Барлакоски 4, Дикаминџија 10, Новаковиќ 2.
Седмерци: 4/5. Исклучувања: 2 мин.
Вардар: Чакалиќ, Недановски 1, Поповски 8, Ставревски, Димитријевски 1, Србиновски, Грујовски 1, Калашар 4, Димчевски, Шишкарев 2, Војводиќ 4, Кисељев 7, Калајџиевски, Милосављев, Мишевски 1, Кизиќ.
Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 мин.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари