Шекеринска од Охрид: За Охридското Езеро вложивме и пари и енергија, го зачувуваме статусот во УНЕСКО

- Локални
85

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска беше во работна посета во Охрид каде што се сретна со одговорните за реставрацијата на колекторскиот систем и направи увид на моменталната ситуација.

Нејзината изјава ви ја пренсуваме во целост.

„Денеска како претставник на нашата Влада го посетив ова претпријатие, кое што е веќе во државна сопственост и навистина сум позитивно и изненадена од добрите вести, кои што ги слушавме во континуитет, но сега можеме да кажеме дека сe е заокружено.

Сите граѓани на нашата држава зборуваат за Охридското Езеро, сите го сакаат, сите сакаат да го видат чисто и здраво, заштитено не само за УНЕСКО, туку заштитено и за нас.

И додека другите говорат за Охридското Езеро ние покажавме дека зборот е збор и дека за Охридското Езеро вложивме и пари и енергија и состојбите навистина се променија.

Задоволство ми е што санацијата на колекторскиот систем во целиот овој охридско-струшки регион е целосно завршена. Прашање, кое 11 години беше ставено под тепих и беше целосно заборавено. Цената за тоа ја плаќаше и Охрид и Струга и Охридското Езеро и сите граѓани и сите туристи.

Ние ја покажавме нашата решеност да го задржиме УНЕСКО статусот на Охрид, но покажавме и голема решеност навистина да вложуваме во заштитата на животната средина, заштита на она што е наше но и светско.

Затекнавме ситуација, пред неколку години, кога колекторскиот систем беше целосно запуштен и заборавен, бетонскиот цевковод долги години останал затнат, од 18 препумпни станици работеа само 2 до 3, целиот систем оставен беше полека да пропаѓа.

Како Влада можевме да се жалиме, да ги критикуваме претходниците, кои ништо не направиле и што дозволиле милиони евра, стотици милиони евра да отидат во стиропор, а не вложиле таму, каде што е нашето културно, природно богатство и убавина.

Меѓутоа, наместо да говориме ние решивме да дејствуваме. Од почетокот на нашиот мандат, Владата прво во целост ги покри долговите во износ од 7 милиони евра, навистина неверојатни 7 милиони евра кои што беа направени кон ЕВН. Целосно ги покривме.

Државата целосно ги презема гаранциите за неплатениот кредит во износ од 280 милиони денари, кој до вчера беше обврска на општините Охрид и Струга, сега државата го презеде на себе и обезбедивме дополнително, што беше многу важно, дополнителни 4,2 милиони евра, со кои сакавме да обезбедиме целосна санација на колекторскиот систем.

Денеска сме тука да кажеме дека оваа санација и спасување на Охридското Езеро е успешно реализирано и завршено.

Со санацијата ги отстранивме најкритичните точки, од кои секојдневно во водите на Охридското Езеро и во реката Црн Дрим се влеваа 8 илјади кубици, замислете, фекалии. Во езеро за кое велиме дека е наш и туристички и културен бисер.

Како што кажа директорот извршиле пречистување на три километри од оштетениот цевковод, со најнова технологија, без оштетување, без ископи и обезбедија буквално да се прекине праксата на загадување на езерото, која што траела 50 години. Не 5, не 5 месеци, 50 години.

Сега сите 18 препумпни станици се целосно репарирани. Вака изгледа кога се грижите за Охридското Езеро. Вака изгледа кога од зборови преминувате на дела. После 11 години говорење, неплатени сметки, неисчистени пумпи, блокиран систем, ние за само 2,5 години успеавме да ги преземеме обврските и да обезбедиме инвестиција, со која што го саниравме колекторскиот систем, кој беше, буквално рак-рана за целово ова подрачје.“ – рече Шекеринска во нејзиното обраќање.

Strugaonline

Facebook Коментари