Со отворен ден за граѓаните во Струга ќе се одбележи Светскиот ден на пожарникарите

- Локални
627

Територијалната противпожарна единица на општина Струга по повод Светскиот ден на пожарникарите на ден 20.05.2019 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во своите простории организира  Отворен Ден за граѓаните на општина Струга со вработените во ТППЕ Струга .

Средбата е отворена за сите заинтересирани граѓани , родители, деца и претставници од медиуми. На средбата присутните ќе имаат можност да се запознаат со работата на ТППЕ Струга , возниот парк со кој што располагаат вработените и опремата со која секојдневно ги извршуваат своите работни обврски. По завршување на средбата, ТППЕ ќе продефилира со своите возила низ улиците на град Струга за соодветно да биде одбележан денот на пожарникарите.

Strugaonline

 

Facebook Коментари