Над 48.000 луѓе го посетија Саемот на книга 2019

- Македонија
557

31-то издание на Саем на книгата 2019 кој траеше од 8 до 14 мај, вчера се затвори и ја надмина вообичаената посета од страна на читателите. Заклучно со вчерашниот ден, саемот го посетија 48.000 обожаватели на пишаниот збор од кои 40% беа ученици.

Соработката со Република Унгарија и Унгарската амбасада во Република Северна Македонија, кој оваа година беше земја во фокус на саемот, како и соработката со ЈСП со воведувањето на двете вонредни линии за полесен пристап на посетителите до најголемата културна манифестација, резултираа, покрај промената на локацијата на Саемот на книгата, овој саем оваа година да го зацврсти  неговото постоење, без разлика на местоположбата. И оваа година ја добивме поддршката од Министерството за Култура на Република Северна Македонија, што беше исклучително важно за самата манифестација а и за издавачката дејност. Овој саем ќе го памтиме по бројните промоции на нови изданија на книги од издавачите, по бројните гостувања на домашни и странски автори, но и по зголемената бројка на посетители на саемот на книгата.  – изјави Сања Кондарко – проект менаџер на Саемот на Книгата.

 Во рамките на програмата на Промотивниот центар се доделија наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и доделувањето на награди организирано од страна на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

На 31. издание на Саем на книгата 2019, кој се затвори вчера, се претставија околу 70 издавачки куќи од Северна Македонија, како и од Унгарија, Србија, Косово, Албанија и Данска.

Саемот беше организиран под мотото 31 година Читај со задоволство!

 

 

 

Facebook Коментари