Советот на Општина Струга доби грант од 60.000 швајцарски франци

- Локални
863

Советот на Општина Струга доби грант од 60.000 швајцарски франци за зајакнување на капацитетите на советот. Проектот ќе се реализира преку УНДП, чија цел е зајакнување на советот на Општината, како и улогата на советниците во областа на урбанизмот, културата ,општинските активности и други слични области.

Овој проект беше презентиран вчера во салата Советот на Општина Струга од страна на претставникoт на УНДП, Илмијасан Даути, кој што беше поканет од страна на  претседателот на Советот, г. Ресул Каба.

-Околу 50 илјади швајцарски франци од средствата ќе бидат определени за проекти за кои ќе одлучуваат самите граѓани додека останатите ќе се користат за зголемување на работниот капацитет на општинскиот совет.-информираат од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари