Филипче: Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти

- Македонија
380

Mинистерот за здравство Венко Филипче информира дека на наредовниот состанок со директорите на клиниките и ковид центрите направиле евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес.

,,Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира.,, – додаде Филипче.

Strugaonline

Facebook Коментари