Тој поларен бран, сибирски температури опасни по живот и.т.н со еден збор се нарекуваат – ЗИМА

- Занимливо, Локални
2855

1

Пред 20 години врнеше метар и пол снег без најава и остануваше со месеци, мразулците беа до земја, живеевме како ескими на -30. И пак службите го чистеа снегот од улици, граѓаните од пред куќи, продавниците беа снабдени со леб, аптеките со лекови, медицинската помош достапна. Ни кризни штабови имаше, ни апокалиптични прогнози. И сите преживеавме, освен по некој што задремал на клупа в парк со шише ракија до него.

2

Денес предупредувањата се сензационалистички, опасни по живот, па демек заседаваат кризни штабови, се ангажираат социјални служби, армијата е на готовс, се советуваат граѓани да не излегуваат од дома без потреба( а кој излегува надвор без потреба?)…Чиниш само што не нé бомбардирале.
Веќе видено. Се создава психоза кај луѓето за да се испрчат институциите како спасители кои се грижат за животот на своите граѓани. А пак чудно е зошто истите тие институции во исто време со месеци комплетно ја игнорираат вистинската катаклизма – енормно загадениот воздух.

3

И на крај пак Македонија Пат ќе биде изненадена од снегот, механизацијата ќе ѝ затаи, општините ќе се амнестираат од одговорност, ќе се направи сообраќаен хаос, ќе снема сол за улиците и лекови во аптеките, села ќе се отсечат од светот… Затоа што веќе го нема она најбитното – професионалната етика и чувството на одговорност. И затоа што заложбите не се искрени и плански, туку стихијни и популистички.

4

А тој поларен бран, сибирски температури опасни по живот, оркански ветрови и снежни наноси, жолти и портокалови фази и не знам уште што, до пред неколку години со еден збор се нарекуваа – ЗИМА.

5

Слики позајмени од Роберт Милески.

Фејсбук статус на Филип Ѓоршевски.

Facebook Коментари