На потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ полицијата пронајде осум рибарски мрежи со улов од 93 парчиња риба

- Локални
1806

Денеска (24.10.2023 ) по преземени мерки и активности, полициски службеници од ПС за ГН „Охридско езеро“ на потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ – Струга, на околу 1000 метри од брегот, пронајдоа осум рибарски мрежи со должина од по околу 100 метри, со улов од 93 парчиња риба, со вкупна тежина од 11.4 килограми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: МВР

Facebook Коментари